„Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на Тунис
Бонитетната агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Тунис за еден степен, на неинвестициско ниво од ББ-, поради политичката неизвесност и слабите економски перспективи.
Во соопштението од агенцијата се наведува дека економските, фискалните и надворешните показатели во Тунис сега се послаби од претходно очекуваните.
„Фич“ го намали рејтингот на Тунис уште во декември минатата година.
Слично
