Стандард и Пурс: Делумен банкрот за Кипар!
Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс (Standard & Poor’s) го намали рејтингот на Кипар од ниво на делумен банкрот, поради најавената замена на акции со цел намалување на државниот долг. Ова значи дека должникот не може да плати дел од долгот, но успева да плаќа дел од останатите даночни обврски.
Бидејќи не може да ги исплати своите домашни краткорочни обврзници, Кипар почнал да ги заменува за долгорочни. Вака се олеснува притисокот на ликвидноста на кипарската држава, а според оценката на Стандард и Пурс новите обврзници се „помалку поволни“ за Кипар од постоечките и дека тоа е „вознемирувачка замена“.
Кипар, чии банки влегоа во криза поради поседување на обезвредени обврзници на Грција, во март се согласи на неповолна помош од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд од 23 милијарди евра со што беше избегнат банкрот на државата. Сега Кипар ги поднесува последиците од ваквите договори, но и од недомаќинското работење изминатите децении.
Слично
