„Стандард енд пурс“ со негативна прогноза за Словенија
Негативна прогноза за кредитниот рејтинг на Словенија објави денеска американската агенција „Стандард енд пурс“, откако пратениците во словенечкиот Парламент од опозицијата побараа одржување на референдум за примена на законот за основање на „лоши банки“.
- Наше мислење е дека тоа што словенечката опозиција во последно време бара одржување на референдум наведува на прашањето за тоа во која мера Владата е способна да ги примени неопходните структурни реформи на економскиот и финансискиот сектор, се наведува во соопштението на „Стандард енд пурс“.
Агенцијата ја задржа оценката А за долгорочните словенечки обврзници, како и А-1 за краткорочните хартии од вредност, но рејтингот го стави под негативна прогноза.
- Очекуваме дека одлуката за или против намалување на рејтингот на Словенија ќе ја донесеме, откако тамошниот Уставен суд ќе одлучи дали ќе се одржи референдумот, се наведува во соопштението.
Словенечката опозиција минатата недела поднесе барање за распишување референдум за законите за основање на холдинг компании за управување со државниот имот и „лошите банки“, кои треба да ги преземат лошите инвестиции.
Слично
