Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Стандард енд Пурс““, „Мудис“ и „Фич“ на удар на Европскиот регулатор за финансискиот пазар

„Стандард енд Пурс““, „Мудис“ и „Фич“ на удар на Европскиот регулатор за финансискиот пазар
Бројни неправилности во  процесот на одредување на кредитната способност на земјите утврди Европскиот регулатор за финансискиот пазар (ЕСМА) кај агенциите за оценка на кредитниот рејтинг, пренесува агенцијата Франс прес. Како што се наведува во соопштениетоод ЕСМА, тоа може да претставува ризик за квалитетот, независноста и интегритетот на рејтингот на земјите. Со истрагата се утврдувал конфликтот на интереси во процесот на одредување на рејтингот, заштитните мерки кои обезбедуваат оценките на рејтингот да останат тајни до објавувањето, како и адекватноста на лицата кои го одредуваат рејтингот. ЕСМА е загрижена за независноста во процесот на определување на кредитниот рејтинг во американските агенции „Стандард енд Пурс““, „Мудис“ и „Фич“ кои контролираат 90 проценти од рејтинг пазарот. Истрагата утврдила дека, во одделни случаи, високото раководство на рејтинг агенциите давалo инструкции со кои се одредувал рејтингот на земјите. „Во најмалку еден случај, главните аналитичари добиле експлицитни упатства и мислење од повисоките раководители во врска со рејтингот на земјите“, констатира ЕСМА.
Слично

Поврзани вести