Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАНА ПОБОГАТ ОД ДОНАЛД ТРАМП: Џошуа Кушнер сега вреди 3.7 милијарди долари

СТАНА ПОБОГАТ ОД ДОНАЛД ТРАМП: Џошуа Кушнер сега вреди 3.7 милијарди долари

Американецот Џошуа Кушнер (37), чиј брат Џаред е оженет со ќерката на Доналд Трамп, стана побогат од поранешниот американски претседател.

Џошуа Кушнер е побогат од Трамп, откако милијардерите Хенри Кравис, Мукеш Амбани и Хорхе Пауло Леман инвестираа во неговата компанија „Thrive Capital“, со што неговото богатство го зголемија на 3,7 милијарди.

Кушнер изгради богатство од милиони долари откако некои од најбогатите луѓе во светот почнаа да инвестираат во неговата инвестициска фирма, објави Блумберг. Братот на Кушнер, Џаред, кој се ожени со ќерката на Трамп, Иванка, беше висок советник во администрацијата на неговиот свекор.

Последната инвестиција на американските милијардери вредна 175 милиони долари, ја зголеми вредноста на компанијата на Кушнер на 5,3 милијарди долари, а неговото лично богатство на 3,7.

Богатството на Трамп се проценува на 2,6 милијарди долари, додека Џаред и Иванка наведоа имот помеѓу 206 и 803 милиони долари на нивните конечни обрасци за финансиско објавување пред Трамп да ја напушти претседателската функција.


Слично

Поврзани вести