Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стагнира растот на Мек Доналдс во Европа

Стагнира растот на Мек Доналдс во Европа
Синџирот ресторани за брза храна Мек Доналдс смета дека „пазарот на брза храна останува предизвик " и дека тоа ќе се одрази на резултатите на компанијата кон крајот на годината, соопшти БиБиСи. Овој коментарот доаѓа по финансиските резултати на компанијата во вториот квартал, што останаа под очекувањата на аналитичарите. Во периодот април-јуни, компанијата пријави добивка од 1,4 милијарди долари, што претставува раст од 3 отсто во однос на вториот квартал на 2012 година кога имаше 1,35 милијарди долари. Сепак сумата е полама од предвидувањата на експертите. Од компанијата истакнаа дека продажбата во развиените ресторани во светот се зголемила за 1%. Во Европа сепак е регистрирано намалување за 0,1%, бидејќи стабилната побарувачка во Велика Британија и Русија не успеа да го надомести падот во Франција и Германија. Продажбата во САД се зголеми за 1% благодарение на менито за еден долар и новите производи како пилешкото со зеленчук, месото во тортиља и сендвичите со протеини. Во азиско-пацифичкиот регион, Блискиот Исток и Африка продажбата се намали за 0,3%, главно поради негативните резултати во Кина, Австралија и Јапонија. „Иако консолидираните резултати во овој квартал се позитивни,  нивото во светскат продажба во јули се очекува да остане во голема мера без промена", изјави главниот извршен директор на компанијата, Дан Томпсон.
Слично

Поврзани вести