Стагнира потрошувачката доверба во Германија
Потрошувачката доверба во Германија стагнира поради загриженост околу повторното избивање на кризата во еврозоната, покажаа податоците на истражувачкиот институт ГфК.
Политичките проблеми во Италија и кризата на Кипар влијаат на довербата на потрошувачите во најголемата европска економија, иако можеби е прерано да се проценат идните ефекти од кипарската криза, бидејќи анкетата на ГфК е спроведена пред Никозија да постигне договор со меѓународните кредитори.
Се проценува дека индексот на довербата на домаќинствата во април ќе остане непроменет на 5,9 поени, колку што изнесуваше и во март. ГфК наведува дека очекувањата на потрошувачите се во врска со примањата и нивната подготвеност да трошат помалку, додека очекувањата околу економијата значително пораснале.
Слично
