Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стагнира цената на нафтата

Стагнира цената на нафтата
Цената на суровата нафта стагнира, бидејќи пазарот и натаму е притиснат од грижите за слабеење на побарувачката, но од друга страна инвеститорите се надеваат дека американски Фед и Европската централна банка ќе преземат нови чекори за поттик на светската економија. Во лондон цената на барел сурова нафта изнесува 103,55 долари, што е за околу 50 центи повеќе во однос на вчера, додека на американската берза цената на барелот остана речиси непроменета на 94,49 долари. Од почетокот на април цената на нафтата падна за 5,9 отсто, и е на пат да забележи најголем месечен пад од мај минатата година, откако слабите економски податоци ги влошија изгледите во врска со нафтената побарувачка. Сепак, стравувањата во врска со економското закрепнување ги ублажува надежите на инвеститорите дека ЕЦБ и Фед би можеле да ја продлабочат примената на монетарни мерки кои поттикнуваат раст. Инвеститорите исто така будно ги следат и овонеделните податоци од Кина, вториот по големина светски потрошувач на нафта.
Слично

Поврзани вести