СТАБИЛНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА, ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА: Oва се најдобрите градови за живот
Објавена e листата на најдобри градови за живот во 2023 година.
Листата е направена врз основа на условите за живот во 173 градови во пет категории: стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура.
Прв град на листата е Виена. Австриската престолнина накратко ја изгубила оваа титула во текот на 2021 година кога затворањето како последица на пандемијата влијаело на музеите и рестораните.
Втор град на листата е Копенхаген – Данска. Мелбурн и Сиднеј го вратиле своето рангирање (трето, односно четврто место) во првите 10 градови по опаѓањето на индексот во текот на пандемијата на коронавирусот кој го „напрегна“ австралискиот здравствен систем и резултираше со долги изолации. Мелбурн има највисоки резултати во земјата со култура и животна средина. Зад нив е швајцарскиот град Цирих. Потоа следи Калгари во Канада, и пак имаме швајцарски град, Женева. Најдобрите десет се објавени подолу.
foto freepik.com/bearfotos

