Срушени романски воен хеликоптер и МИГ21, осум загинати
Вкупно осум лица загинаа во одвоени несреќи на романски борбен авион МИГ 21 и воен хеликоптер, соопшти романското Министерство за одбрана.
Пилотот на романскиот воен MiG 21 LanceR и седумчлен хеликоптерски екипаж испратен да го најде во мисија за пребарување и спасување загинаа кога нивните летала се урнаа во одделни инциденти доцна во средата навечер.
МИГ беше во воздушна патрола кога исчезна од радарите во источна Романија, меѓу селата Когеалац и Гура Доброгеи.
Пилотот на хеликоптерот IAR 330-Puma, кој беше испратен да го пронајде авионот, пријавил неповолно време и бил повикан назад во базата пред и тој да се урне, соопшти Министерството за одбрана.
Романија, членка на Европската унија и НАТО, планира постепено да ги исфрли руските авиони МиГ и целосно да се префрли на американскиот Ф-16.
