Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски експерт откри зошто терористите во Виена носеа бела облека и дали треба да се стравува

Српски експерт откри зошто терористите во Виена носеа бела облека и дали треба да се стравува

Српскиот безбедносен експерт Стеван Ѓокиќ вели дека белата униформа кај радикалните екстремисти симболизира колку тие и нивната вера се чисти.

Терористите кои извршија напади во Виена носеа таква облека, а тоа значи дека со тоа сакаат да остават порака. 

„Тоа што е важно е дека тие носеле бели униформи, а тој факт говори дека за нив ова не е крај. Првата работа е предавањето, а другата е белата униформа која за нив симболизира чистота во верата. Ова, по нивните „правила“ беше само предупредување, или како што некој сака да каже: „прв бран“. Австрија има сериозна безбедносна служба и навистина е чудно како се случи ваков организиран напад. Сепак, не е важно колку се јаки службите, бидејќи најмногу зависи од тоа дали терористите сакаат или не сакаат да извршат напад“, објаснува Ѓокиќ.

Млад македонски државјанин кој имал и австриско државјанство, а потекнува од тетовско Челопек учестуваше во изведување на нападот. 

Европа последниов месец ја тресат напади. 

На мета беше и Франција, кои го засили присуството на војници на терен.

Вчера полицијата уапси маж кој со мачета се шетал низ Париз. 

Слично

Поврзани вести