Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српска „листа на срамот“: Не сум добила плата десет години!

Српска „листа на срамот“: Не сум добила плата десет години!

Не се сеќавам кога последен пат примив плата. Еве, колешката ми префрла дека последниот минималец од 7.200 динари сме го примиле во септември 2004 година за август. Од тогаш не издржуваат мажите и децата - раскажува за српски курир Вукица Митиќ (52), книговодителка во издавачката куќа „Вук Караџиќ“, а која на своите вработени им должи дури 108 плати.

Поради тоа оваа Нишка фирма, по евиденција на Агенцијата за приватизација, е апсолутен рекордер на „листата на срамот“ компании кој со години не ги плаќаат работниците.

Вукица вели дека во таа фирма за професионална рехабилитација и вработување на инвалиди работи 31 година и дека со неа истата судбина ја делат уште 30 вработени кои не се инвалиди.

Нерешен статус

-Понижување е да се работи без пари. Дури и децата ме прашуваат зошто одам на работа кога не ме олаќаат. Срам ми е поради тоа, но немам друг избор. Не сум ги исполнувала условите за социјален програм кој е нуден во 2011 година, немам услови за пензија, па сега чекам државата да го реши нашиот статус бидејќи сме во реконструкција од 2010.  Не сум љубоморна, но колегите кои земаа социјална програма месечно од државата примаат околу 30.000 динара, додека ние со година работиме џабе - се жали Вукица. Таа сепак открива дека повремено добива социјална помош од 1000 до 2000 динари, зависно од тоа колку се заработи во штампарницата од производсвото.

Не плаќаат ниту приватните

Меѓу несовесните работодавачи се наоѓаат и фирми на некои „угледни“ бизнисмени, за кои Курир веќе пишуваше. Така и Ветеринарниот завод, кој е во сопственост на Драган Ѓуриќ, им должи на вработените помеѓу 15 и 18 заработка и три години работен стаж, кажуваат работниците за српски курир.

Министерство за труд и социјална политика

Нема листа, ја зголемуваме контролата

Од Министерството за труд и социјална политика на Курир не им одговориле зошто одбиваат во Србија да направат и објават листа на работодавачи кои на вработените не им исплатуваат плати, како на колегите од соседните земји. Наместо тоа, порачуваат дека инспекторите за труд ќе ја зголемат контролата на работодавачи, посебно во делот кој се однесува на исплатата на плата во пропишаните рокови.

(Извор: курир-инфо.рс)

Слично

Поврзани вести