Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средоземното море го крие најголемото наоѓалиште на природен гас

Средоземното море го крие  најголемото наоѓалиште на природен гас
Италијанската компанија ЕНИ вели дека наоѓалиштето би можело да содржи 850 милијарди кубни метри гас, што е еквивалентно на 5,5 милијарди барели нафта Во египетските територијални води, на длабочина од 1.450 метри е откриено најголемото наоѓалиште на земјен гас во Средоземјето. Ова го објави италијанската енергетска компанија ЕНИ, од каде што велат дека наоѓалиштето Зор 1Х би можело да содржи 850 милијарди кубни метри гас, што е еквивалентно на 5,5 милијарди барели нафта, во сектор со површина од 100 квадратни километри. Компанијата ЕНИ оценува дека станува збор за „едно од најголемите наоѓалишта на гас во светот“. Египетското министерство за нафта го потврдило ова откритие, додавајќи дека истражувањето на гасното поле ќе трае четири години. Извршниот директор на ЕНИ, Клаудио Дескалци, „неодамна го посети Каиро за да го извести египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за овој голем успех и да разговара за откритието со премиерот Ибрахим Малаб“, се додава во соопштението на италијанската компанија. „Ова е најголемото пронаоѓање гас во историјата на Египет и на Средоземното Море, и тоа би можело да биде една од најголемите резерви на природен гас во светот“ истакнуваат од ЕНИ. Италијанците истакнуваат дека ова наоѓалиште би можело да ги задоволи потребите на Египет од гас за следните неколку децении. Италијанската енергетска компанија ЕНИ има целосни концесиски права за оваа област и е најголемата странска енергетска компанија во Африка. К.К.
Слично

Поврзани вести