Економија, финансии, бизнис

Контакт

Среде ниви во Пакистан поради поплавите се формираше езеро широко 100 километри

Среде ниви во Пакистан поради поплавите се формираше езеро широко 100 километри

Во Пакистан е формирано езеро широко 100 километри. Езерото се појави на земјоделски полиња.

Поради излеаната река Инд во дел од провинцијата Синд има езеро широко 100 километри. Во поплавите загинаа 1.162 луѓе од средината на јуни.

Пакистанскиот метеоролошки центар објави дека овогодинешниот монсун е веќе најврнежливиот дожд во земјата откако се води евиденција од 1961 година. 

Во провинциите Синд и Балучистан врнежите беа 500 отсто над просекот, урнаа згради и уништија цели села. 

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека Пакистан се соочува со „монсун на стероиди". Под вода е третина од земјата. Гутереш го повика светот да му помогне на Пакистан.  И пакистанските власти претходно молеа за помош. 

Слично

Поврзани вести