Средбата меѓу Трамп и Путин сепак нема да биде „еден на еден“
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин нема да биде „еден на еден“, туку во проширен состав.
На претседателот Трамп ќе му се придружат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
Средбата во формат „еден на еден“ што беше планирана меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, ќе вклучува и советници на двајцата претседатели, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на информации од Белата куќа.
За билатералниот дел од разговорите, како што се наведува, на претседателот Трамп ќе му се придружат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф .
Според првичните информации лидерите требаше да се сретнат еден на еден, но нема детали зошто тие планови се променија.
фото принтскрин