СРЕДБА ОРБАН - МАКРОН: Унгарскиот премиер бара итен прекин на огнот во Украина
Унгарија сака итен прекин на огнот во Украина, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз за да разговараат за билатералните односи и најважните аспекти од иднината на Европа.
Како што јави агенцијата МТИ, Орбан изјавил дека Унгарија сака мировни преговори во Украина. Орбан потсетил дека Унгарија е за мир од почетокот на војната и така ќе остане и во иднина. Тој се сретнал со поранешниот француски претседател Никола Саркози, со кого разговарал за билатералните односи меѓу двете земји и меѓународните проблеми, како што е војната во Украина и европските политики. Унгарија беше загрижена затоа што во Украина војуваат и тамошните граѓани од унгарска националност, кои како што рекоа гинат во првите редови.
Германскиот дипломат Волфганг Ишингер повика на „покренување на мировниот процес“ за Украина, истакнувајќи дека за таа цел е неопходно да се формира еден вид контакт група. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.