Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите ги демантираат Украинците, снајперистката е во затвор во Пожаревац

Србите ги демантираат Украинците, снајперистката е во затвор во Пожаревац

Светските медиуми објавија вест дека во Украина е фатена српската државјанка Данијела Лазовиќ попозната како „снајперистката Багира“.

Но, Министерството за внатрешни работи на Република Србија ги демантираше овие наводи, наведувајќи дека Лазовиќ веќе две години е во КПУ Пожаревац.

„Точно е дека Д.Л. на октомври 2020 година беше уапсена и оттогаш е во КПУ Пожаревац, на издржување на шестгодишна затворска казна, и никако не може да учествува во војната или да биде заробена во Украина. Исто така, посочуваме дека лицето од сликата објавена во медиумите не е Д.Л. односно „Багира“, се наведува во соопштението.

Претходно, бројни медиуми објавија информација за апсењето на Лазовиќ, која наводно ја потврдиле и украинските вооружени сили, пишувајќи на официјалниот профил на Твитер дека таа „убила украински затвореници во 2014 година“.

фото Твитер

Слично

Поврзани вести