Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србинка со бензин го запалила влезот на суд во Германија

Србинка со бензин го запалила влезот на суд во Германија

Србинка запалила влез на суд со бензин, по што побегнала со автомобил. 

Државјанка на Србија е уапсена во германскиот град Фрајбург под сомнение дека го полила со бензин влезот на окружниот суд и го запалила. Во пожарот се повредени три лица. Веднаш по пријавата на местото на инцидентот пристигнале 24 пожарникари. По некое време жената се предала во придружба на нејзиниот адвокат.

„Има многу индиции дека нејзиното кривично дело е поврзано со една постапка пред судот. Полицијата не сакаше да каже дали жената во тој случај е означена како осомничена, односно жртва или сведок“, пишуваат германските медиуми.

Откако таа го подметнала пожарот, системот за пожар се исклучил и очевидец повикал 911. Зградата била делумно евакуирана поради силен чад.

Слично

Поврзани вести