Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИН ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Teлото е предадено на неговите родители во Белград

СРБИН ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Teлото е предадено на неговите родители во Белград

Српски доброволец во руската војска загинал на фронтот во Украина. 

Се работи за Страхиња Бјелица (30) кој загинал на фронтот во Украина. Тој загинал на 9 август, но поради сложената документација и транспортот, неговото тело дури сега е предадено на неговите родители во Белград.

„Страхиња беше горд што доброволно замина во војна, веруваше дека неговата задача е да им служи на верата, на крстот и на православието. Сакаше да биде корисен, да направи разлика. За жал, пред нешто повеќе од еден месец неговите родители беа известени дека тој трагично го загубил животот. Знам дека загинал во војната, но не би зборувал за детали, тоа е премногу болна тема за сите што го познаваа и го сакаа…“ –вели еден од неговите пријатели.

Досега повеќе српски државјани загинаа во Украина, борејќи се на страната на Русите. Дел од загинатите биле во брак со Русинки од Донбас. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести