СРБИЈА КУПУВА АВИОНИ РАФАЛ ОД ФРАНЦИЈА: Што вели Москва за овој потег?
Србија од Франција купува авиони Рафал.
Деталите се прецизирани на средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград. Со реакција се јави и Русија.
„Тоа е избор на нашите српски пријатели. Природно е секоја земја да се води од економски и други аргументи кога носи такви одлуки“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Вучиќ објави дека Србија купила 12 француски ловци Рафал во вредност од 2,7 милијарди евра. Тој рече дека една од причините за тоа е што Србија во моментов не може да добие авиони од Русија или Кина.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за набавката на авиони од Франција, вели дека тоа е нивна работа, но според него, Србија се спрема за фиктивна војна која нема да се случи. За него, тоа е парада.Инаку, Србија е една од ретките држави која не воведе санкции за Русија по руската инвазија на Украина.
Слично
