Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРАМНИ БРОЈКИ ЗА СВЕТОТ: Над 10 илјади деца мигранти се сметаат за исчезнати во Европа!

СРАМНИ БРОЈКИ ЗА СВЕТОТ: Над 10 илјади деца мигранти се сметаат за исчезнати во Европа!

Над 10 000 деца имигранти без возрасен придружник се исчезнати во Европа во последните година и пол - две, покажуваат податоците на Европол. Полициската агенција стравува дека многу од нив се експлоатирани, главно сексуално, од организираниот криминал, пренесе Франс прес.

Бројките објавени на интернет од британскиот неделник „Observe“r, беа потврдени вчера пред АФП од прес-службата на Европол.

Според Брајан Доналд - претставник на Европол, цитиран од „Observer“ - наведената бројка влијае на децата кои се исчезнати без трага, откако биле регистрирани од европските власти. Околу половина од нив се исчезнати во Италија.

„Имаме причина да сметаме дека станува збор за вкупно повеќе од 10 000 деца. Не сите тие сепак се експлоатирани со криминална цел. Некои се најдоа со своите семејства, но не знаеме каде се, што прават и со кого“, објаснил пред изданието Доналд.

Портпаролот на Европол, изјави за АФП дека податоците се базираат на информации обезбедени од европските земји или се јавно достапни информации, на пример, во интернет.

Во 2015 година во Европа пристигнаа околу еден милион мигранти, како 27 проценти од нив се деца, потсетува  „Observer“.

„Не сите се без придружба, но имаме докази дека голем дел од нив може и да се“, вели Доналд.

Тој истакна дека мигрантите се предмет на комплексна паневропска „криминална инфраструктура“, која ги користи за различни намени. Во Германија и Унгарија биле приведени повеќе криминалци фатени како експлоатираат мигранти.

Криминални групи кои се занимаваат со трговија со луѓе, го насочија своето внимание кон илегалните мигранти, така што ги претвориле во робови или ги искористиле за активности поврзани со секс трговијата, додаде Доналд.

Британската влада објави во четвртокот дека ќе прифаќа деца бегалци, разделени со своите семејства како резултат на конфликтите во Сирија и други земји.

Слично

Поврзани вести