СРАМНЕТ СО ЗЕМЈА, СЕ БАРААТ ПРЕЖИВЕАНИ: (ВИДЕО) Вака изгледа трговскиот центар што го гранатираа русите, Москва го потврди нападот
Еден ден откако руската армија изврши страшен ракетен напад
врз трговски центар во украинскиот град Кременчук, во кој загинаа најмалку 18
лица, украинската армија и пожарникарите се уште трагаат по преживеани.
Повеќе од 1.000 луѓе биле внатре кога две руски ракети погодија трговски центар во Кременчук, југоисточно од Киев, во понеделникот, но за среќа многумина успеаја да излезат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 40 лица се пријавени за исчезнати, соопшти Канцеларијата на државниот обвинител на Украина. Пожарот избувнал на површина од повеќе од 10.000 метри квадратни, а според спасувачката служба, најмалку 16 лица загинале, а 59 се повредени. Шефот на регионот Полтава, Дмитро Лунин, изјави дека загинале 18 лица и дека спасувачите продолжуваат да работат во урнатините, пренесе агенцијата „Интерфакс Украина“.
Руското Министерство за одбрана го потврди нападот на Кременчук, но тврди дека цел бил залихите на западно оружје, а заменик-амбасадорот во Обединетите нации Дмитриј Полјански ја обвини Украина дека го искористила инцидентот за да добие симпатии пред самитот на НАТО што почнува денеска во Мадрид.
Обединетите нации соопштија дека нападот врз трговскиот центар заслужува остра осуда. Портпаролот Стефан Дијариќ изјави дека Обединетите нации се загрижени поради интензивирањето на борбите во Украина и нападот на трговскиот центар.
„Секоја цивилна инфраструктура, која очигледно вклучува трговски центри и цивили, никогаш не треба да биде цел“, рече Дијариќ.
ФОТО: EPA/OLEG PETRASYUK#Кременчук 28 червня пошуково-рятувальні роботи продовжуються. Внаслідок обстрілу торговельного центру загинуло 18 осіб (1 особа померла в лікарні).
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) June 28, 2022
За медичною допомогою звернулося 59 осіб, з них 25 - госпіталізовано до лікарні інтенсивного лікування.
https://t.co/fmDaCNG3t2 pic.twitter.com/L3EQAItqsJ
