Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПУТНИК V ЌЕ ГО НЕУТРАЛИЗИРА И ОМИКРОН: Фајзер/БиоНТеек, Модерна и Џонсон и Џонсон работат на нова вакцина против супермутантот

СПУТНИК V ЌЕ ГО НЕУТРАЛИЗИРА И ОМИКРОН: Фајзер/БиоНТеек, Модерна и Џонсон и Џонсон работат на нова вакцина против супермутантот

Вакцината Спутник V, развиена во рускиот институт Гамалеја најверојатно ќе има висок процент на ефикасност и против супермутантот Омикрон кој изминативе денови крена огромна паника во светот.

Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев во објава на Твитер наведува дека и двете руски вакцини имаат моќ да го неутрализираат и Омикрон

„Институтот Гамалеја верува дека Спутник V и Спутник лајт ќе го неутрализираат омикрон бидејќи се ефикасни против другите мутации. Ако биде потребна модификација, што е малку веројатно, ќе обезбедиме неколку стотици милиони бустер дози од Спутник против омикрон до 20 февруари 2022 година“, напиша Дмитриев на официјалниот профил на Спутник на Твитер.

Останатите фармацевтски гиганти, Фајзер/БиоНТек, Модерна и Џонсон&Џонсон објавија дека веќе работат на нови вакцини кои ќе бидат ефикасни против новиот сој. Веруваат дека за неколку месеци светот ќе има вакцина и против новата варијанта. 


Слично

Поврзани вести