СПУТНИК V ЌЕ БИДЕ ОДОБРЕН ОД ЕМА НАЈРАНО ВО СЕПТЕМВРИ? Гамалеја треба да достави дополнителна документација
Европската Унија
го одложува одобру ањето на руската вакцина Спутник V за неколку месеци, бидејќи како што изјавуваат за Ројтерс две
лица запознаени со случајот, бил
пробиен рокот за доставување дополнителни податоци за вакцината од страна на
Институтот Гамалеја, каде што е произведена. Поради ова, како што наведува Ројтерс, се намалуваат шансите на ЕУ да се бори против пандемијата на корона вирусот.
Еден од изворите, член на германската Влада, изјави дека неуспехот да се достават потребните клинички податоци до ЕМА ќе ја одложи одлуката на Европската Унија најрано до септември.
-Одобрувањето на „Спутник V“ најверојатно ќе се одложи до септември, а можеби и до крајот на годината, изјави германскиот владин претставник, кој сакаше да остане анонимен.
ЕМА се очекуваше до крајот на мај или во јуни да ја заврши ревизијата на „Спутник V“.
Друг извор додаде дека рокот за доставување на документацијата бил пробиен на 10 јуни, а производителот, рускиот институт „Гамалеја“, наводно соопштил дека документацијата ќе ја испрати следната недела или најдоцна до крајот на месецот.
Рускиот Фонд за директни инвестиции, што се занимава со маркетингот на вакцината, соопшти и дека ревизијата на ЕМА е во тек.
„Сите информации за „Спутник V“ и клиничките испитувања се предадени на една од службите на ЕМА и ревизијата е завршена и испратена до првите луѓе на ЕМА“, соопшти РДИФ.
