Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПУТНИК V ЕФИКАСЕН ПРОТИВ АГРЕСИВНИОТ БРАЗИЛСКИ СОЈ: Резултати од најновата студија на РДИФ

СПУТНИК V ЕФИКАСЕН ПРОТИВ АГРЕСИВНИОТ БРАЗИЛСКИ СОЈ: Резултати од најновата студија на РДИФ

Руската вакцина „Спутник V“ е многу ефикасна против агресивниот бразилски сој на корона вирусот, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Овој вид наречен П1 се прошири низ цела Латинска Америка и е одговорен за ширењето на епидемијата во Бразил.

Научниците во Бразил утврдија дека мутациите во оваа варијанта можат да бидат отпорни на антитела, што предизвика меѓународна загриженост во врска со ефикасноста на вакцините. Сепак, студија спроведена во Аргентина откри силен имунолошки одговор против овој вид кај луѓето кои примиле Спутник V.

Според оваа студија, 85,5 проценти од лицата развиле антитела против овој вид на корона вирусот 14 дена по првата доза, а таа стапка достигнала скоро 100 проценти по 42 дена, односно по двете примени дози.


Слично

Поврзани вести