СПУТНИК НЕ Е ТОЛКУ ОТПОРЕН НА ДЕЛТА КОЛКУ ШТО СЕ МИСЛЕШЕ - штити 83 отсто, но сепак 95 проценти ве чува од тешка форма на болеста
Руската вакцина против ковид - Спутник В, е околу 83 отсто ефикасна против делта-сојот на коронавирусот, а тоа е помалку отколку што се мислеше претходно, соопшти денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, пренесува ТАСС.
Мурашко додаде дека ефикасноста на „Спутник В“ против тешка форма на ковид која може да доведе до хоспитализација надминува 95 отсто.
Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, денес порача оти Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите соеви на коронавирусот.
Слично
