Спречена поголема трагедија, деактивирана нова бомба во Санкт Петербург
Во Русија е избегната поголема трагедија откако безбедносните служби успеаја да пронајдат и деактивираат уште една експлозивна направа во метро станицата во центарот на Санкт Петербург, соопшти рускиот Национален комитет за борба против тероризмот.
Експлозивната направа е пронајдена на метро станицата „Плошчад Востанија“, додека експлозијата се случи помеѓу станиците „Сенаја плошчад“ и „Технологически институт“, при што загинаа најмалку 12 лица, а повредени се над 50 од дел се во критична состојба.
Засега безбедносните служби не прецизираат дали се работи за терористички напад бидејќи се води сеопсежна истрага, но и самиот претседател Путин не ја исклучува оваа можност.
Слично
