Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен терористички акт во Москва

Спречен терористички акт во Москва

10 лица се приведени под сомневање дека подготвувале терористички акт во Москва. Повеќето од нив се државјани на земји од Средна Азија, соопшти „Интерфакс“.

Запленета била експлозивна направа со моќност од околу пет килограми тротилов еквивалент. Пронајдената бомба била слична на онаа што се користела за нападот во Анкара.

Подготвувачите на нападите биле приведени во хотел во Москва. За време на операцијата за нивното апсење од зградата биле евакуирани повеќе од 120 лица.

Според информација на „LifeNews“ целта на терористите може да било метрото, аеродром или друго место со поголемо количество на луѓе. Во моментов приведените се распрашуваат и се разјаснува улогата на секој од нив.

„Newsru.com“ потсетува дека неодамна рускиот претседател Владимир Путин ја покрена темата за евентуални терористички акти. Тој призна дека опасноста постои и прецизира дека таа била достапна и пред почетокот на военото учество на Русија во Сирија. „Дојдов до заклучок дека ако се плашиме дека тие ќе направат нешто, тие задолжително ќе го направат“, изјавил тогаш Путин.

Последните два големи напади во Русија се случија кон крајот на 2013 година, кога на 21 октомври беше разнесен патнички автобус, а кон крајот на декември истата година се случија уште две експлозии. Тогаш загинаа десетици луѓе. Во јануари 2011 година во зградата на аеродромот Домодедово се разнесе бомбаш самоубиец и загинаа 37 лица.

Според последните податоци жртвите на нападот во Анкара, кој се случи на 10 октомври, има веќе 128 жртви а повредени се над 160 луѓе, а некои од нив се во критична состојба. Инспекторите за крвавиот напад од саботата во Анкара веруваат дека тој е заедничко дело на групата „Исламска држава“ и курдски терористи.

Слично

Поврзани вести