Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПРЕЧЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Украинците сакале да го убијат Шојгу

СПРЕЧЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Украинците сакале да го убијат Шојгу

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека неодамна спречила обид за атентат врз висок руски државен функционер. Нападот бил планиран да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта, со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе.

Руски медиуми наведуваат дека мета бил главниот советник за безбедност на претседателот и поранешен министер за одбрана, Сергеј Шојгу. ФСБ објави дека нападот бил планиран од специјалните служби на Украина.

„Федералната служба за безбедност спречи терористички чин кога функционерот го посетил гробното место на блиски роднини на гробиштата Троекуровски“, објави ФСБ, без да го именува службеното лице во официјалното соопштение.

Три лица се уапсени во врска со обидот: руски брачен пар и мигрант од Централна Азија. Според ФСБ, украинските безбедносни служби регрутирале нелегален мигрант од Централна Азија, додека двајца осудени руски наркомани биле приведени во Москва. Меѓу приведените е и Шамсо Џалолидин Курбанович, роден во 1979 година и жител на Киев, кој е баран во Русија за убиство и нелегална трговија со оружје.

Украинските власти претходно се заканија дека сите кои ја малтретираат и напаѓаат Украина нема да имаат мир и ќе бидат казнети. 

Слично

Поврзани вести