Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен најголемиот грабеж на банка во Бразил

Спречен најголемиот грабеж на банка во Бразил

Властите во Бразил уапсија 16 лица осомничени за подготвување грабеж на банка. Крадците ископале широк тунел долг 500 метри што водел до трезорот на Banco do Brasil.

Притворениците планирале да украдат 1 милијарда реали  (317 милиони долари), кои, според полицијата во Сао Паоло, ќе било најголемиот грабеж во историјата на Бразил.

За ископување на тунел, уапсените потрошиле околу еден милион долари, а неговата изградба започнала пред околу четири месеци. Тунелот започнал од куќа во близина на брегот.

Според властите во Бразил, тунелот бил засилен со метални столбови, подот бил со дрвени плочки и имал електрично осветлување.

Бандата,  досега била вмешана во еден од најголемите грабежи во Бразил, која украла речиси 165 милиони реали (55 милиони евра). Тоа се случило во 2005 година во Форталеза, во североисточниот дел на земјата. Обидот повторно бил направен со копање тунел помеѓу блиска куќа и банката.

ФОТО: dw.com

Слично

Поврзани вести