СПРЕЧЕН Е АТЕНТАТ ВО МОСКВА: Мета бил митрополитот Тихон
Спречен e терористички напад врз митрополитот Тихон во Москвa.
Акцијата била планирана да се спроведе за време на престојот на митрополитот Тихон во Москва. ФСБ изјави дека терористите набавиле експлозив од скривалиште во декември 2024 година.
Еден од уапсените изјави дека планот бил да се постават експлозиви во манастирот Сретенски, а по извршување ба злосторството, терористите планирале да ја напуштат Русија користејќи фалсификувани документи. ФСБ заплени експлозиви и два лажни украински пасоши.
Русин и Украинец се приведени во Москва, наводно регрутирани од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина преку апликацијата Телеграм.
Видео снимката на ФСБ открива дека, по инструкции од Киев, планираниот атентат на митрополитот Тихон го подготвиле неговиот помошник Денис Попович и свештеникот Никита Иванкович.
Украина ја презеде одговорноста за серијата атентати во Русија од почетокот на војната, а последниот од нив беше атентатот на Игор Кирилов, шеф на руските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, во декември. Руската инвазија на Украина трае повеќе од три години.
