Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен атентат на ерменскиот премиер, екс функционери сакале да направат државен удар

Спречен атентат на ерменскиот премиер, екс функционери сакале да направат државен удар

Властите во Ерменија спречиле група поранешни функционери на таа држава да го убијат премиерот Никола Пашинјан. 

Тие сакале да ја преземат власта со државен удар.

Службата за национална безбедност (НС) објави дека нејзиниот поранешен шеф Артур Ванецјан, поранешен лидер на републиканскиот парламентарен клуб во парламентот Вахрам Багдасарјан и воениот волонтер Ашот Минасијан се уапсени за планирање на атентат врз Пашинјан и државен удар, објави Ројтерс.

Лусине Сахакијан, адвокат на поранешниот шеф на Службата за национална безбедност Ванецјан, објави денеска на Фејсбук дека ерменската државна служба за безбедност го уапсила нејзиниот клиент под сомнение дека тој ја узурпирал моќта и се подготвувал да го убие Пашинјан.

Премиерот трпи притисок поради договорот кој го склучи и со кој се стави крај на војната во регионот Нагорно - Карабах. 

Од него се бара оставка, а илјадници луѓе протестираат во Ереван. 

Ерменците ги напуштаат селата во регионот, затоа што тие територии ќе му припаднат на Азербејџан. 

Се појави видео на кое војник вика на арапски „Господ е голем“ на врвот на ерменска црква. 

Слично

Поврзани вести