Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СПОСОБЕН Е ЗА ПРЕЦИЗНИ И МОЌНИ УДАРИ, ПЛОВИ КОН АТЛАНТКОТ“: Шојгу за фрегатата „Адмирал Горшков“

„СПОСОБЕН Е ЗА ПРЕЦИЗНИ И МОЌНИ УДАРИ, ПЛОВИ КОН АТЛАНТКОТ“: Шојгу за фрегатата „Адмирал Горшков“

Фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе распореди хиперсонични ракети „Циркон“ за време на долгата ловидба во Атлантикот, Индискиот Океан и Средоземното Море, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

- Главните напори за време на патувањето ќе бидат насочени кон сузбивање на заканите за Русија, одржување на мирот во регионот и стабилноста заедно со пријателските земји. За време на обуката, екипажот ќе вежба употреба на хиперсонично оружје и крстосувачки ракети со долг дострел во различни услови - најави Шојгу на денешната церемонија на пуштање во воена служба на фрегатата „Адмирал Горшков“.

Министерот истакна дека специфичноста на „цирконот“ е тоа што гарантирано е супериорна во однос на противракетната и противвоздушната одбрана, а при брзина од 9 маха дострелот на ракетата е до 1.000 километри.

Според него, бродот е способен да нанесе прецизни и моќни удари на непријателот на море и на копно.

Претходно, претседателот на Русија Владимир Путин преку видео врска нареди фрегатата „Адмирал Горшков“, опремена со ракетни системи „Циркон“ да биде испратена во воена служба.

„Циркон“ е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот способна за континуиран аеродинамичен лет со маневрирање во густите слоеви на атмосферата со помош на сопствен потисок на моторот во текот на целата рута. Може подеднакво ефикасно да погоди цели на земја и во вода. Ракетите „Циркон“ можат да достигнат брзина до девет маха (над 10.000 километри на час), а дометот им е над 1.000 километри. Планирано е со овие ракети да бидат вооружени подморници и бродови.


Слично

Поврзани вести