Според потребите на пазарот: Се произведува „калашњиков“ што пука со НАТО-муниција
Руски „Спутник“ објави дека се произведува нов дизајн на АК-308, популарниот „Калашњиков“, кој ќе може да пука со муниција што ја користи НАТО-пактот, бидејќи така налага пазарот на оружје.
Ова се должи на тоа што НАТО го користи калибарот 7,62 х 51 милиметри, а такви куршуми купуваат многу земји како Индија, која исто така е купувач на оваа славна и незаменлива пушка од Русија чија предност во однос на сите други е тоа што е едноставна за ракување и не подлежи на екстремни услови.
По завршувањето на Втората светска војна, "Калашников" има произведено повеќе од 20 модели на автоматски пушки, и сите досега биле конструирани според советската и руска муниција.
АК-308 овој пат ќе може да пука со куршуми за потешки калибри. Претходните модели за извоз не биле наменети специјално за клиентите, а новиот АК-308 за прв пат е дизајниран и издаден според потребите што ги има надворешниот пазар.
