Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според Лагард мигрантите ќе ја подобрат економијата на Западот

Според Лагард мигрантите ќе ја подобрат економијата на Западот

Масовниот прилив на бегалци може да се користи за подобрување на состојбата во економиите на Западот, смета извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард таа тоа го изјавила за интервјуто објавено во францускиот бизнис весник „Лез еко“ (Les Echos).

„Приливот на мигранти - тоа e појава, која истовремено предизвика загриженост и во исто време со значителен потенцијал за економијата“, изјавила Лагард. Сепак таа призна дека „ова е многу сложено прашање, имајќи предвид дека европските земји се покажаа неподготвени ниту од практична гледна точка, ниту во однос на логистиката, за да прифатат толку многу луѓе“.

Лагард обрна внимание дека проблемот „има сериозен социјален аспект, бидејќи треба да се утврди како да се осигура дека ќе има интеграција на новодојденците, а не отфрлање од општеството“.

„Но, во исто време масовниот прилив на мигранти - тоа е и економска шанса за земјите, чие население брзо старее или, како што е во некои земји, се намалува по бројност“, додала директорката на ММФ.

Таа изразила надеж дека „под услов на вистинското решавање на ова прашање присуството на големи групи од мигранти може да обезбеди можност за решавање на демографскиот проблем“. Според Лагард „тоа добро го знае германската канцеларка Ангела Меркел“.

Во исто време, Лагард признала дека „проблемот е многу тежок за земјите како Јордан и Либан, чии ресурси се премногу ограничени, додека се принудени да прифатат на своја територија многу илјади бегалци“.

Според нејзините податоци ММФ во моментов ги пресметува можните последици од приливот на мигранти кон Европа. „Но мене многу би ме чудело, ако таа проблематична појава, колку и да е тешка за управување во оваа фаза, во иднина не стане вистински адут за европската економија“, истакнала Лагард.

Слично

Поврзани вести