Според „ФИДЕС“ Сорос плаќа за мигрантите
Според претставник на владејачката партија во Унгарија „ФИДЕС“, поддржувајќи со финансиски средства различни организации, бизнисменот Џорџ Сорос помага и за нелегалната миграција, пишува унгарскиот весник „Nеpszava“.
„Џорџ Сорос им помага на некои невладини организации да направат се што е можно за да го поддржат неограничениот миграциски прилив кон Унгарија“, изјавил на прес-конференција Иштван Холик - претставник на партијата „ФИДЕС“.
Тој го споменал како пример Унгарскиот Хелсиншки комитет, Унгарската асоцијација за азил на мигрантите и Здружението за правата на човекот. Тој посочи дека бизнисменот е исто така е поврзан со организацијата „Добредојдовте во Европа“, која неодамна им раздаваше на мигрантите книга која ги охрабри да не соработуваат со унгарските власти и да не им даваат отпечатоци.
„Не е изненадувачки, дека Џорџ Сорос го нападнал премиерот Виктор Орбан и партијата „ФИДЕС“ за имиграционата политика“, заклучува Холик.
