Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОМЕНА ПЕТ ЗЕМЈИ: Нетанјаху сака да плати и да ги пресели Палестинците

СПОМЕНА ПЕТ ЗЕМЈИ: Нетанјаху сака да плати и да ги пресели Палестинците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека се во тек разговори со неколку земји за прием на Палестинци раселени од војната во Газа. Вклучените земји се Јужен Судан, Сомалиленд, Етиопија, Либија и Индонезија, изјави за Си-Ен-Ен висок израелски функционер. Во замена за прием на дел од населението на Газа од повеќе од два милиони луѓе, функционерот oбјасни дека земјите бараат „значајна финансиска и меѓународна компензација“.

Во среда, Јужен Судан го отфрли извештајот на Асошиетед Прес дека е во разговори за преселување на Палестинците, велејќи во соопштението дека извештаите се „неосновани и не го одразуваат официјалниот став“ на земјата. Порано оваа година, Сомалиленд соопшти дека немало такви разговори. Минатата недела, пак, Индонезија соопшти дека е подготвена да прифати 2.000 Палестинци од Газа на лекување, но дека тие ќе се вратат во Газа откако ќе закрепнат. Не е јасно колку се напредни овие дискусии и дали е веројатно дека ќе се реализираат.

На 7 октомври во 2023 година палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел, изврши масакр, зема заложници по што Израел почна офанзива во Газа и таму загинаа многу Палестинци. 

Слично

Поврзани вести