Спогодбата потпишана, што со санкциите за Русија?
Мировната спогодба во Минск е потпишана после 17 часа расправа, но засега прашањето за санкциите на Русија од страна на ЕУ остануваат надвор од дискусија.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини истакнала дека темата за санкциите на Русија нема да бидат на дневен ред на Самитот на ЕУ денеска.
Таа истакнала дека лидерите на ЕУ ќе ги разгледуваат мерките кои ЕУ може да ги превземат за да се одржи примирјето во Украина.
Далеку поконкретен бил премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон кој го поздравил договорот во Минск, но додал дека рускиот претседател Владимир Путин знае дека санкциите ќе останат на сила се додека не биде видлив конкретен прогрес на територијата зафатена од војната.
Литванската претседателка Далија Грибаускаит додала дека санкците на Русија ќе останат во ваков облик барем до следниот месец.
Сепак, според зборовите на финскиот премиер Александар Стуб, ако германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсо Оланд бидат задоволни од исходот на разговорите во Минск, нема причини ЕУ да расправа за понатамошно санкционирање на Русија.
