Економија, финансии, бизнис

Контакт

Списанието „Форбс“ на продажба

Списанието „Форбс“ на продажба
Денеска истекува рокот за прием на понудите за купување на бизнис групацијата „Форбс медиа“, издавач на списанието „Форбс“. Заинтересираност веќе искажале кинеската корпорација „Фосун интернешенел“, фондот „Спајс глобал инвестментс“ од Сингапур и германската издавачка куќа „Аксел Спрингер“, која по лиценца го издава списанието во Русија. Списанието „Форбс“ е проценето на 400 милиони долари, а финалниот избор на купувачот ќе го извршат консултанти од „Дојче банк“. Ова списание, познато по листите на најбогати луѓе во светот што ги подготвува, веќе неколку години бележи пад на профитот. Падот се должи пред се на забрзаниот развој на дигиталните медиуми и на намалувањето на приходите од реклами.
Слично

Поврзани вести