Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПЕКТАКУЛАРНО БЕГСТВО - Затворениците ги искорнале тоалетите, чуварите ШОКИРАНИ: погледнете ја снимката!

СПЕКТАКУЛАРНО БЕГСТВО - Затворениците ги искорнале тоалетите, чуварите ШОКИРАНИ: погледнете ја снимката!

Бегството се случило околу еден часот по полноќ со отстранување на тоалетната школка и мијалникот од ќелијата.

Двајца бегалци беа фатени во петокот, додека по другите осум интензивно се трага.

Десет затвореници, вклучувајќи ги и оние обвинети за убиство, избегаа од затвор во Њу Орлеанс рано наутро во петокот. Пребарувањето е во тек, а властите се сомневаат дека имале внатрешна помош.

За време на рутинско пребројување во петок наутро, затворските чувари откриле дека десет затвореници, на возраст меѓу 19 и 42 години, се исчезнати. Тоа е затвор во кој главно се чуваат луѓе што чекаат судење или изрекување пресуда.

Според шерифката на округот Орлеанс, Сузан Хатсон, затворениците избегале околу 1 часот наутро. Прво ја искинале лизгачката врата од ќелијата, а потоа го пробиле ѕидот отстранувајќи ја тоалетната школка и мијалникот.

Безбедносните камери го снимија моментот кога бегаа

Безбедносните камери го снимија моментот кога затворениците избегаа низ товарниот простор, качувајќи се на ѕид и преминувајќи го блискиот автопат.

Двајца бегалци беа фатени синоќа, но по преостанатите осуммина сè уште интензивно се трага.


- Имаме индикации дека избеганите затвореници имале помош од поединци од нашата институција - рече Хатсон.

Затворски службеник го видел бегството, но не реагирал

Затворски службеник, кој ги следел безбедносните камери, го видел бегството, но не ги известил заменик-шерифите, додаде Хатсон, без да прецизира за природата на пружената помош.

Полицијата на државата Луизијана соопшти дека еден од бегалците бил пронајден криен под автомобил во хотелска гаража во познатиот Француски кварт во Њу Орлеанс.

Шефицата на полицијата во Њу Орлеанс, Ан Киркпатрик, изјави дека нејзиниот оддел не бил информиран за бегството сè до околу два часа откако затворениците исчезнале. Таа истакна дека е вознемирувачки што не биле информирани за инцидентот порано, со оглед на тоа што некои бегалци се обвинети за убиство.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести