СПЕКТАКУЛАРНИ ВИДЕА, СЛАВАТ КИРИБАТИ, НОВ ЗЕЛАНД, ТОНГА И САМОА: Пацификот ја дочека 2023 со лајт шоу вредно скоро 300.000 евра
Жителите на
островот Кирибати во Тихиот Океан први ја дочекаа 2023 година, следат Самоа и
Нов Зеланд.
Денеска во 11 часот по средноевропско време во 2023 година, се радуваше тихоокеанскиот остров Кирибати. Неколку илјади жители на градот Киритимати, први во светот ја дочекаа Новата година. За прв пат од почетокот на пандемијата „Ковид-19“, странските туристи можеа дадопатуваат за прослава на новогодишната ноќ на другиот крај на светот. Во Самоа, која годинава го укина летното сметање на времето, во новата година влегоа еден час подоцна. Истото важи и за Нов Зеланд и Тонга, каде што жителите сè уште страдаат од последиците од огромната ерупција на подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хаапаи.
На најголемиот остров во Самоа, Саваи, и во главниот град Апија на островот Уполу, голем огномет го осветли небото над Тихиот Океан. Владата на островот одвои околу 290.000 евра за лајт шоуто.
