Специјалниот пратеник на ОН заробен на Крим
Холандскиот дипломат Роберт Сери, кој е специјален претставник на Обединетите нации во Украина, бил принуден да ја напушти мисијата на Крим и да си замине од регионот, откако група вооружени лица му го заплениле автомобилот и го држеле како заложник во едно кафуле.
Сери заминал веднаш кон аеродромот откако ги прифатил брањата на 15-тина вооружени мажи кои од него барале да ја напушти дипломатската мисија и да замине. Додека заминувал кон аеродромот, толпата извикувала „Путин!Путин!“
„Оваа акција мора сериозно да се осуди“, изјави заменик-генералниот секретар на ОН Јан Елиасон. Автомобилот на Сери бил обиколен кога заминувал од украинската поморска база, каде што разговарал со еден од командирите. Вооружените лица го заклучиле претставникот на ОН во едно кафуле и не му давале да излезе, додека не прифатил да си оди.
Видео од медиумите на Крим можете да погледнете на следниот линк.
Инаку, Сери во Македонија е познат како претставник на НАТО во земјава.
Слично
