Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасувачите пронајдоа торба со 2 милиони долари меѓу урнатините во Турција (ВИДЕО)

Спасувачите пронајдоа торба со 2 милиони долари меѓу урнатините во Турција (ВИДЕО)

Илјадници куќи беа уништени по двата земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што ги погодија Турција и Сирија.

И  додека има се помалку надеж дека спасувачите ќе пронајдат неколку преживеани под урнатините, прилично неверојатно видео доаѓа од Газиантеп.

Во потрага по преживеани, спасувачите пронашле торба во која имало два милиони долари меѓу урнатините, пишува БНН.


На видеото кое се шири на социјалните мрежи се гледа како спасувачите бројат големи суми пари. И откако го преброиле, сето тоа го предале на полиција.

Надлежните најавија дека целиот накит и пари, чии сопственици не се пронајдени, ќе бидат префрлени во Државната каса, пренесува Јутарњи лист.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести