Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА УШТЕ НЕКОЛКУ ТЕЛА ОД РЕКАТА ВО ВАШИНГТОН, ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ИЗВЛЕЧЕН И ХЕЛИКОПТЕРОТ: Пронајдени се сите црни кутии

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА УШТЕ НЕКОЛКУ ТЕЛА ОД РЕКАТА ВО ВАШИНГТОН, ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ИЗВЛЕЧЕН И ХЕЛИКОПТЕРОТ: Пронајдени се сите црни кутии

Досега се извлечени телата на 41 жртва, од кои 28 се идентификувани, откако патничкиот авион и воен хеликоптер се судрија во близина на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон, изјави локалниот шеф на противпожарната служба.

Продолжуваат операциите во Вашингтон за извлекување на посмртните останки на жртвите по сударот на патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер во средата вечерта, при што загинаа 67 лица, пренесува АП.

Соборениот хеликоптер UH-60 Black Hawk денеска ќе биде извлечен од реката Потомак каде што авионот се урна по несреќата. Сите црни кутии од авионот и хеликоптерот се пронајдени, соопштија американските власти. Аеродромот е отворен, но две од трите писти се затворени.

Федералната управа за авијација (FAA) одлучи да ги ограничи летовите со хеликоптери околу аеродромот поради несреќата, барем додека не се објави прелиминарниот извештај за причината за судирот, изјави секретарот за транспорт, Шон Дафи.

Агенцијата АП пренесува дека засега само полицијата, болничките хеликоптери и претседателскиот хеликоптер ќе смеат да летаат меѓу аеродромот и блиските мостови. Инспекторите ги пронашле црните кутии од авионот на Американ ерлајнс кој се распаднал на неколку делови по судир со хеликоптерот.

Нуркачите планираат денеска да најдат и дополнителни компоненти на авионот.

Одборот додаде дека е премногу рано да се шпекулира за причините за несреќата и вети дека ќе објави прелиминарен извештај во рок од 30 дена.

Двата авиона се урнаа во реката Потомак во близина на националниот аеродром Роналд Реган во Арлингтон, Вирџинија, непосредно пред главниот град на САД. Во авионот на Американ ерлајнс имало 64 патници и членови на екипажот, додека во воениот хеликоптер УХ-60 Блек Хок имало три лица.

Меѓу жртвите на несреќата имало тинејџерки кои се враќале од национален натпревар со нивните мајки и тренери, студентка во Охајо која се враќала од погребот на својот дедо, двајца кинески државјани и група ловци кои се враќале од Канзас на туристичко патување извештаи.

фото:  EPA-EFE/PETTY OFFICER 1ST CLASS BRANDON GILES / US COAST GUARD

Слично

Поврзани вести