Спасувачите извадија тело на новинарка од под урнатините на зграда во Киев
Продуцентката на Радио Слободна Европа, Вира Хирич загина при нападот на украинскиот главен град Киев.
Спасувачи го извадија нејзиното тело од под урнатините на зграда која ја погоди проектил. Во соопштението на Радио Слободна Европа стои дека Хирич работела во нивната редакција во Киев од февруари 2018 година, а починала вчера. Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека две експлозии го потресоа централниот дел на Киев. Досега во Украина загинаа неколку новинари, странски и украински откако почна војната на 24 февруари. Вчера генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја посети Украина, а по неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски одекнаа експлозии.
Слично
