Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасија двајца во нападот во Виена - овие Турци се херои

Спасија двајца во нападот во Виена - овие Турци се херои

Турски ММА борци спасиле жена и полицаец при терористичкиот напад во Виена. 

Микаил Озен и Реџеп Таип Гилтекин, станаа херои на Виена, каде пред неколку дена се случи терористички напад, а четири луѓе загинаа. 

Тие биле туристички во Виена, кога одеднаш слушнале истрели, и се упатиле кон местото од каде што доаѓал звукот и виделе една постара ранета жена која ја однеле во најблискиот ресторан. 

Го напуштиле објектот, па следувала блиска средба со терористот, за на крај да отидат во полиција каде раскажале што се случило.

„Терористот го насочи оружјето кон мене. Потоа се фрлив на земја и се обидов да се превртам. Претпоставувам дека имаше некое оружје со долго буре. Еден куршум ме погоди во десната нога, но тоа не беше голема рана. Влеговме во возилото на еден пријател и веднаш се упативме кон полициската станица за да раскажеме што се случи“, вели Гилтекин.

Додека возеле, забележале ранет полицаец и го префрлиле во брзата помош, бидејќи медицинските лица не можеле да пристапат до местото на настанот поради пукањето, кое сè уште траело. Инаку, куршумот сè уште е во неговата нога.

„Бидејќи раната на ногата не беше голема, не сакав да одам во болница. Тие ми предложија да ме однесат, но јас не сакав да станам товар затоа што мислев дека ќе има голем број ранети од настанот. Куршумот е сè уште во мојата нога, а сега кога ситуацијата малку се смири, ќе одам во болница“, рече Гилтекин.

Нападот го изврши македонски државјанин кој потекува од тетовско, а во нападот е убиен и друг македонски државјанин кој води потекло од струшко. 

Терористичката закана ја крена Австрија на нозе. 

Српскиот безбедносен експерт Стеван Ѓокиќ вели дека белата униформа кај радикалните екстремисти симболизира колку тие и нивната вера се чисти.

Според него, тие пратиле порака дека ова не  е крај. 

Слично

Поврзани вести