Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСЕНО Е БЕБЕ ОД ЛУКСУЗНАТА ЈАХТА КАЈ СИЦИЛИЈА: Бродоломот го преживеа и сопругата на британскиот тајкун, раскажа за моментот кога удрило торнадо

СПАСЕНО Е БЕБЕ ОД ЛУКСУЗНАТА ЈАХТА КАЈ СИЦИЛИЈА: Бродоломот го преживеа и сопругата на британскиот тајкун, раскажа за моментот кога удрило торнадо

Анџела Бакарес (57), сопругата на тајкунот Мајк Линч кој се уште се води како исчезнат, го преживеала потонувањето на суперјахтата на брегот на Сицилија, а сега го споделила своето искуство.

Са Линч, кој го нарекуваат и британскиот Бил Гејтс, за време на спасувањето се здобила со исеченици и гребанатини на стапалата, поради што сега користи инвалидска количка.

"Околу четири часот наутро јахтата се затресе и сите се разбудивме. Отпрвин не бевме загрижени, но потоа се скрши стаклото и бродот почна да тоне", рекла Анџела.

На чамецот за спасување место нашла и Шарлот Голунски, која успеала да извлече и спаси едногодишно бебе од разбрануваното море.

Четворица Британци се уште се водат како исчезнати откако нивната луксузна јахта вредна 25 милиони фунти потона кога ја погоди силно торнадо.

Покрај тајкунот Линч, исчезната е и неговата 18-годишна ќерка Хана.

Мајката која очајно ја држела својата едногодишна ќерка раскажала како успеала да се качи на чамец за спасување со уште 10 луѓе додека нивниот чамец се превртел.

"Го изгубив моето бебе во морето за кратко, но успеав да го спасам. Го држев цврсто, блиску до мене, додека морето беснееше. Многу луѓе врескаа. За среќа чамецот за спасување се надува и 11 од нас успеаја да се качат“, изјави Шарлот.

Капетанот на блискиот брод, кој спасил 15 лица, ги опишал условите во кои потонала јахтата. Тој објасни дека и неговиот брод почувствувал многу силни удари во раните утрински часови, но успеал да го стабилизира додека бил закотвен со помош на моторот.

фото: EPA-EFE/IGOR PETYX

Слично

Поврзани вести