Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасена една од девојките киднапирани од „Боко Харам”

Спасена една од девојките киднапирани од „Боко Харам”

Амино Али Нкек е најдена во вторникот во шумата Самбиса, близу до границата со Камерун.

Таа е една од девојките од нигерискиот град Шибок кои беа киднапирани од исламистичката група „Боко Харам".  Вкупно 276 девојки беа киднапирани од училиштето од „Боко Харам" во април 2014 година.  Активисти потврдиле пред медиумите дека Амино Али Нкек е најдена во вторникот во шумата Самбиса, близу до границата со Камерун. Таа била идентификувана од цивилен борец кој ја препознал. Борецот е дел од група цивили волонтери кои се испратени да помагаат во борбата против „Боко Харам". Според извори на БиБиСи, девојката  е од градот Мбал, јужно од Шибок од каде се 25 од киднапираните девојки. Се тврди дека таа била пронајдена заедно со бебе.

Дел од девојките кои беа киднапирани успејаа да избегаат во првите неколку часа.

Слично

Поврзани вести