Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСЕН ИЛИ УБИЕН: Контрадикторни информации за судбината на американски заложник во Јемен

СПАСЕН ИЛИ УБИЕН: Контрадикторни информации за судбината на американски заложник во Јемен
Американски и јеменски безбедносни сили извеле координирана акција за спасување на американскиот фоторепортер Лук Сомерс, кого Ал-Каеда го држела заробен од септември минатата година. Но информациите за исходот на операцијата се контрадикторни. Додека неговата сестра тврди дека тој е убиен при неуспешен обид за спасување, јеменското Министерство за одбрана објави информација дека Сомерс сепак е ослободен. Луси Сомерс изјавила дека ФБИ ја известило за смртта на нејзиниот брат. Јеменското министерство, пак тврди дека тој е ослободен во акцијата во која американско беспилотно летало убило деветмина припадници на Ал-Каеда. Сомерс во средата и се обрати на јавноста преку Јутјуб со информација дека е сигурен оти неговиот живот е во опасност.
Слично

Поврзани вести