Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОЗДАДЕНА Е УНИВЕРЗАЛНАТА ВАККЦИНА ЗА СИТЕ ИДНИ ВАРИЈАНТИ НА КОВИД: Taa е многу стабилна, антигенска и имуногена, тврдат индиските научници

СОЗДАДЕНА Е УНИВЕРЗАЛНАТА ВАККЦИНА ЗА СИТЕ ИДНИ ВАРИЈАНТИ НА КОВИД: Taa е многу стабилна, антигенска и имуногена, тврдат индиските научници

Индиски научници од Универзитетот Кази Назрул тврдат дека дизајнирале универзална вакцина која е ефикасна против сите варијанти на Ковид

Со новите варијанти на вирусот САРС-КОВ-2 кои предизвикуваат бранови на високо заразната болест, научниците од Универзитетот Кази Назрул и Индискиот институт за научно образование и истражување, Бубанешвар дизајнираа пептидна вакцина за која тврдат дека може да заштити од какви било идни варијанти на коронавирусот.

„Во оваа студија, употребивме имуноинформатички пристапи за дизајнирање AbhiSCoVac - мулти-епитопи повеќецелен химеричен пептид кој ќе може да генерира заштитен имунитет против сите шест вирулентни членови на семејството hCoV-229E, hCoV-HKU1, hCoV-OC43, SARS-CoV, MERS-CoV како и SARS-CoV-2“, велат истражувачите.

„Утврдено е дека дизајнираната вакцина е многу стабилна, антигенска и имуногена“, рекоа истражувачите Абигјан Чудхури и Супрабхат Мукерџи. Потенцираат и дека тимот истражувачи ја развил вакцината користејќи пресметковни методи и следната фаза ќе вклучува производство на вакцината што ќе биде проследено со тестирање.

„Оваа вакцина е единствена. Ниту една друга вакцина во светот не е дизајнирана да се справи со сите вируси на семејството Коронаистовремено, изјавија истражувачите.


Слично

Поврзани вести